Методи за процена на ризик

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Методи за процена на ризик

Код: 3ФЕИТ08013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Соња Геговска-Зајкова

Цели на предметната програма (компетенции): Развивање способност за собирање релевантни податоци и идентификување на главните карактеристики на неизвесноста во податоците. Обработка и анализа на податоци со користење компјутерски пакет. Разбирање на природата на ризиците во донесувањето одлука која вклучува неизвесност и квантификување на таквите ризици. Развивање вештини за решавање проблеми, моделирање, симулација и способност за интерпретирање и критичко оценување на добиените резултати.

Содржина на предметната програма: Закани, ризици, веројатност и зачестеност на нивното појавување и нивно влијание врз проектот. Методи за процена на ризикот. Квалитативни методи: прелиминарна анализа, матрица на влијание, анализа на хазард и операбилност (HAZard and OPerability study), анализа на појава на откази и нивно влијание (Failure Mode and Effects Analysis). Техники базирани на дрво: анализа на дрво на недостатоци (Fault Tree Analysis), анализа на дрво на настани (Event Tree Analysis), причинско- последична анализа (Cause-Consequence Analysis). Квантитативни методи: сензитивна анализа, анализа на очекувана монетарна вредност. Монте Карло симулации. Студија на случај со примена на изучуваните методи на реални проекти.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Lee T. Ostrom, Cheryl A. Wilhelmsen Risk Assessment: Tools, Techniques, and Their Applications Wiley 2012

2

 

Cliff T.Ragsdale

 

Spreadsheet Modeling and Decision Analysis: A Practical Introduction to Management Science South-Western College Pub 2007

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Malvin H. Kalos, Paula A. Whitlock Monte Carlo Methods WILEY-VCH Verlag GmbH & Co. KGaA, Weinheim 2008