Метрологија на геометриски величини

Последна измена: јули 11, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Метрологија на геометриски величини
2. Код 4ФЕИТ03009
3. Студиска програма 15-ММК
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар Прва година / прв семестар   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Мите Томов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Способност за спроведување на димензионални мерења на геометриски величини и обработка на резултатите од мерењата. Избор на соодветно мерно средство, нивна калибрација и пресметка на мерната неодреденност.

11. Содржина на програмата:

Запознавање со основните поими во метрологијата; Метролошки карактеристики на еталоните, мерилата и мерните машини, нивна класификација, градба, принципи на работа и калибрација; Мерни методи; Поим и класификација на грешките од мерењето, нивно изразување и мерна неодреденост; Толеранции на геометриски величини; Карактеристики на отстапувањата од облик и положба; Методи за мерење на текстурата на површините. Поим за следливост и нејзино обезбедување; Менаџмент со мерните алати и машини; Компјутерско потпомогнато мерење и обработка на резултатите од мерењето.

12. Методи на учење:

предавања, проекти, студии на случај

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 30 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) E
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) C
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот проектна задача
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

Број

Автор Наслов Издавач Година
1. J. L. Bucher The Metrology Handbook, Second Edition ASQ Quality Press 2012
2. М.Томов, М. Кузиновски Метрологија на текстурата на површините-Монографија Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј", Машински факултет Скопје 2021
3. N.V. Raghavendra, L. Krishnamurthy Еngineering metrology and measurements Oxford University Press 2013