1. Наслов на наставниот предмет | Микропроцесорски системи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ07Л007 | |||||||
3. Студиска програма | КТИ,КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6, IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Марија Календар | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Компјутерски архитектури, Логички дизајн | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните концепти на работа на конкретни микропроцесори, нивната внатрешна архитектура, I/O компонентите, надворешно поврзување, временски дијаграми, магистрали и реален асемблер. По завршување на курсот студентите ќе имаат компетенции за: познавање на основни елементи од архитектура на микропроцесор; познавање на структура и користење на асемблерски инструкции; пишување реални асемблерски програми; познавање на мемориска архитектура, поврзување меморија со микропроцесор и користење мемориско адресирање и инструкции; познавање и работа со прекини и I/O уреди; практично познавање и користење на одредени напредни архитектурни концепти: концепт на цевки, виртуелна меморија и табели за страничење. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Структура на процесори и процесорски системи. Развој на процесори. Основни карактеристики на процесори и современи процесори. Внатрешна архитектура на процесорски систем. Програмирање на процесорски систем. Асемблер и конкретни примери. Мемориски систем и начин на работа со меморија. Режими на адресирање. Извршување на инструкции. Влезно/излезен систем и компоненти. I/O инструкции. Прекини кај процесорски систем. Процесорски архитектури со предвремено земање инструкции. Работа со архитектура со повеќе процесори. Поврзување со надворешни компоненти и магистрали. Управување со современ мемориски систем. Дескриптори и селектори. Дескрипторски табели. Заштитен режим на работа. Процесорска поддршка за механизам за страничење на меморија. Виртуелен режим на работа. Табела на страници. | ||||||||
12.Методи на учење Лабораториски вежби, практична работа и настава | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 25 | |||||||
16.3. Домашно учење | 80 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Практичен дел: Два парцијални испити во тек на семестарот (по 90 мин) или еден писмен испит во предвидени испитни сесии (120 мин) со задачи и Теоретски дел: Тест прашања и проблеми (70 мин) За време на испитот делумно е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки, но не е дозволено користење калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Brey Barry | INTEL MICROPROCESSORS: Architecture, Programming and Interfacing, 8th Ed | Pearson, Prentice Hall | 2009 | ||||
2 | Yifeng Zhu | Embedded Systems with ARM Cortex-M Microcontrollers in Assembly Language and C: 3rd Ed. | E-Man Press LLC | 2017 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | M. Shafivulla, M. A. Naqvi, G. Vijay Kumar | Microprocessors and Microcontrollers | LAP LAMBERT Academic Publishing | 2018 | ||||
2 | R. J. Tocci, F. J. Ambrossio | Microprocessors and Microcomputers: Hardware and Software, 6th Ed | Pearson | 2002 |