Предмет: Мобилна роботика
Код: 3ФЕИТ01009
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Елизабета Лазаревска
Цели на предметната програма (компетенции): Да ги совлада техниките за локализација, планирање и водење на мобилни роботи и да се оспособи за успешна примена на истите за водење мобилни роботи.
Содржина на предметната програма: Вовед: историски развој, класификација, примена и примери на мобилни роботи. Движење (локомоција) на мобилните роботи: роботи со тркала и ножни роботи, погонски конфирурации и актуатори, математички модели на кинематиката и динамиката на мобилните роботи. Сензори за мобилни роботи: класификација, невизуелни и визуелни сензори. Навигациски системи за мобилни роботи: класификација навигациските системи, одредување на брзината, позицијата и ориентацијата на мобилните роботи врз основа на сензорските информации, фузија на информациите од различни сензори и примена на Калманови филтри. Системи на водење и навигација на мобилните роботи: структура и алгоритми на системите на водење и навигација на мобилните роботи, алгоритми за избегнување на препреки, пребарување на непознат простор, генерирање карта на просторот и планирање на траекторијата на мобилните роботи. Мобилни роботи – летала и подводни мобилни роботи. Повеќероботски системи.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Roland Siegwart | Introduction to Autonomous Mobile Robots | MIT-Press | 2004 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Gerald Cook | Mobile Robots-Navigation, Control and Remote Sensing | Wiley and Sons, Inc. | 2011 |
2 |
Alonzo Kelly | Mobile Robotics: Mathematics, Models, and Methods | Cambridge University Press | 2013 |