Моделирање и симулациски околини

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Моделирање и симулациски околини

2.    Код

3ФЕИТ07Л017

3.    Студиска програма

КТИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Сања Атанасова

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Податочни структури и анализа на алгоритми

10.   Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со концептите на моделирање и модели за претставување на објекти и системи од реалноста. Концепти на симулации и алатки. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособеи за самостојна работа со разновидни техники за модели и моделирање и нивно претставување во компјутерски систем, како и за вршење и анализа на соодветни симулации.

11.  Содржина на програмата: Вовед во моделирање. Околини. Модели. Аналитички методи при моделирањето. Моделирање со редици на чекање. Моделирање со Маркови процеси. Моделирање со дискретни автомати на состојби и Петри мрежи. Методи за анализа и комбинирање на модели. Примена на анализа и ажурирање на модели.  Симулирање. Техники и алатки. Околини за симулирање. Поими. Симулации чекор по чекор (stepped). Симулации водени од настани (event driven). Генерирање  (псевдо)случајни броеви за симулации. Веројатност и статистика во симулациите. Примена. Симулација на компјутерски системи и компјутерски мрежи.  Обработка и анализа на податоци од симулација и статистичка обработка.

12.    Методи на учење: Лабораториски вежби, практична работа и настава

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

25

16.3. Домашно учење

70

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

30

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два теста (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), активности кои вклучуваат изработка на семинарски трудови и поени од лабараторсики вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од сите активности.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.   Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.   Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Аверил М. Лоу Моделирање за симулации и анализа, 5 издание МкГроу Хил 2014

2

Фишвик П. Дизајн на модели за симулации и извршување ПрентисХол (Пеарсон) 1995

3

Рос М. Шелдон Симулации Академик Прес 2012