Предмет: Моделирање на електромоторни погони
Код: 3ФЕИТ02018
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Вонр.проф. д-р Михаил Дигаловски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за моделирање на различни видови системи за управување на електромоторни погони со различни типови на електрични мотори и нивна анализа за стационарни и динамички состојби.
Содржина на предметната програма: Пристап со теоријата на вектори на состојбата. Стационарни и динамички состојби на погони со асинхрони машини. Стационарни и динамички состојби на погони со синхрони машини. Стационарни и динамички состојби на погони со еднонасочни машини. Споредба на еднонасочни и наизменични електромоторни погони. Напонски инвертори. Инвертори со импулсно широчинска модулација. Струјни инвертори. Погони за високи перформанси и погони за општа намена. Векторско управување и управување со ориентација на полето. Управување со моментот на еднонасочна машина. Векторско управување на синхрони машини. Стационарен d,q модел на синхрона машина. Управување со моментот кај синхрони машини. Динамика на синхрона машина со векторско управување и ориентација на полето. Еднонасочни машини без четкици. Векторско управување на асинхрона машина во стационарна состојба. Динамика на асинхрона машина со ориентација на полето. Индиректни управувачи. Директни управувачи. Користење на флуксот во воздушниот зјај. Струјна регулација во енергетските преобразувачи. Модели за мали сигнали. Опсервери и естиматори.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | I.Boldea, S.A.Nasar | Electric Drives | CRC Press | 2005 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | D.W.Novotny, T.A.Lipo | Vector Control and Dynamics of AC Drives | Clarendon Press-Oxford | 1996 |
2 | N.Mohan | Advanced Electric Drives | MINPERE | 2001 |