1. Наслов на наставниот предмет |
Мрежни стандарди и уреди | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ07З021 | |||||||
3. Студиска програма |
КТИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/7 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Данијела Ефнушева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Компјутерски комуникациски технологии Ислушани: Компјутерски мрежи |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со конкретни стандарди и уреди за дефинирање на межни околини, жични и безжични. По завршувањето на курсот студентите се оспособени за самостојно дизајнирање и поврзување на мрежни уреди во компјутерска мрежа, како и за нивно конфигурирање. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Мрежни уреди засилувач (repeater) и хаб. Топологии на LAN мрежи. Методи за практично креирање на Ethernet LAN-ови. Практично користење и приклучоци за Fast Ethernet, Gigabit Ethernet, 10 Gigabit Ethernet. Подниво за контрола на пристап до медиум кај Ethernet LAN-ови. CSMA/CD. Мрежен уред мост и алгоритми за транспарентно формирање мрежа од уреди. Колизиски домени. Мрежен уред switch. Запознавање со STP протокол. Конфигурирање на виртуелни LAN мрежи. Безжични LAN мрежи. 802.11 множество на протоколи. CSMA/CA подниво за контрола на пристап до медиум кај безжични LAN мрежи. Конфигурирање и пристап во безжични мрежи. ARP и RARP протоколи. Преведување на адреси. IP адресирање. Мрежен уред рутер. Внатрешен дизајн и архитектура. Broadcast домени. Препраќање и рутирање на пакети. Рутирачки табели и табели за препраќање. Конфигурирање на рутер. Алгоритми за рутирање: distance-vector и link-state. Наоѓање најкратка патека со алгоритамот на Џикстра. Креирање на link-state бази на податоци. Рутирачки протокол RIP. Рутирачки протокол OSPF. Рутирачки протокол BGP. |
||||||||
12. Методи на учење: Лабораториски вежби, практична работа и настава |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
25 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
50 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
20 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
70 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од 120 минути или еден завршен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Проектна (семинарска) задача од секој студент индивидуално. Вториот парцијален испит вклучува презентација и одбрана на проектната задача. Оценување и на лабораториските вежби. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит, проектната задача и лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
West J., Dean T., Andrews J. | Network+ Guide to Networks 7th Ed. | Cengage Learning | 2015 | ||||
2 |
Mike Meyers | CompTIA Network+ Certification All-in-One Exam Guide, 5th Ed. | McGraw-Hill Education | 2012 | ||||
3 |
Deepankar Medhi | Network Routing: Algorithms, Protocols, and Architectures | Morgan Kaufmann | 2007 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Ilyas M., Ahson S.A. | Handbook of Wireless Local Area Networks: Applications, Technology, Security, and Standards (Internet and Communications) | CRC Press | 2005 |