1. Наслов на наставниот предмет | Мрежни стандарди и уреди | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ07З011 | |||||||
3. Студиска програма | КТИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Данијела Ефнушева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Компјутерски мрежи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со конкретни стандарди и уреди за дефинирање на межни околини, жични и безжични. По завршувањето на курсот студентите се оспособени за: – разбирање на принцип на работа на различни мрежни уреди вклучувајќи: репитер, хаб, мост, комутатор и рутер; – самостојно дизајнирање и поврзување на мрежни уреди во компјутерска мрежа: жичано и безжично; – самостојно конфигурирање на мрежни уреди: поставување на мрежни интерфејси, работа со рутирачки табели и рутирачки протоколи, креирање на виртуелни LAN-ови, поставување на NAT/PAT итн. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во мрежно работење. Мрежни уреди: засилувач (repeater) и хаб.Примена на 802.3 стандард. Методи за практично креирање на Ethernet LAN-ови. Практично користење на Fast Ethernet, Gigabit Ethernet, 10 Gigabit Ethernet врски. Контрола на пристап до медиум кај Ethernet LAN-ови. Мрежен уред мост. Aлгоритми за транспарентно формирање мрежа од уреди. Колизиски домени. Мрежен уред switch. Конфигурирање на switch. Конфигурирање на виртуелни LAN мрежи. Примена на IEEE 802.11 множество на протоколи. Kонтрола на пристап до медиум кај безжични LAN мрежи. Конфигурирање и пристап во безжични мрежи. Примена на ARP и RARP протоколи. Преведување на адреси. Мрежен уред рутер. Broadcast домени. Конфигурирање на интерфејси на рутер. Примена на рутирачки протоколи во рутирање и препраќање. Конфигурирање на статичко рутирање. Конфигурирање на рутирачки протоколи: RIP и OSPF. Анализа на рутирачки табели и табели за препраќање. Интернет пристап до приватни мрежи. Конфигурирање на приватни мрежи. NAT и PAT протоколи. Управување со IP адреси (IPAM). Мрежни сервиси DNS и DHCP. Конфигурирање на DNS и DHCP. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 55 | |||||||
16.3. Домашно учење | 50 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 30 | |||||||
17.3. Активност и учење | 30 | |||||||
17.4. Завршен испит | 40 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од 120 минути или еден завршен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Проектна (семинарска) задача од секој студент индивидуално. Вториот парцијален испит вклучува презентација и одбрана на проектната задача. Оценување и на лабораториските вежби. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит, проектната задача и лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Само-евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Jill West, Tamara Dean, Jean Andrews | Network+ Guide to Networks, 8th Ed. | Cengage Learning | 2019 | ||||
2 | Mike Meyers | CompTIA Network+ Certification All-in-One Exam Guide, 7th ed. | McGraw-Hill Education | 2018 | ||||
3 | Deep Medhi and Karthikeyan Ramasamy | Network Routing: Algorithms, Protocols, and Architectures | Morgan Kaufmann | 2007 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Douglas E Comer | Internetworking with TCP/IP Volume One, 6th Edition | Pearson | 2014 | ||||
2 | Andrew S. Tanenbaum, Nick Feamster, David J. Wetherall | Computer Networks 6th ed. | Pearson | 2021 |