1. Наслов на наставниот предмет |
Надземни и кабелски водови | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ09З015 | |||||||
3. Студиска програма |
ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
III/5 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Јорданчо Ангелов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаења и познавања од областа избор, димензионирање и проектирање на надземните и кабелските елктроенегретски водови. Се изучуваат конструкцијата, изведбата и основите за проектирање на надземни водови како и избор, димензионирање и проверка на оптовареност на кабелските водови. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед. Област на изучување. Основни поими. Елементи на надземните водови (НВ): (спроводници и јажиња, изолатори, столбови, заземјување), нивна намена и карактеристики. Механичка пресметка: влијание на климатските фактори, температура, ветер, зимски додатни товари. Синџирница и парабола. провес, напрегање, сили. Равенка на состојбата и нејзино решавање. Критичен распон, критична температура, граничен распон, идеален распон. Основни димензии на столбовите: сигурносни растојанија, височини и оддалечености, премини и приближувања, заштитна зона. Заземјување на столбовите, типски заземјувачи. Атмосферски пренапони и заштита од нив. Проектирање и градба на надземните водови – општи принципи, избор на траса, дозволени распони, предзатегање, монтажни табели, шаблони. Компјутерски поддржано проектирање. Енергетски кабли: конструкција: улога, поделба, означување, загревање и ладење на каблите. Избор на тип и пресек – критериуми. Положување, спојување, завршување. Експлоатација. Нови |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
30 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
45 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
20 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
50 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на предавањата и вежбите. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Писмен испит: два парцијални испита (по 120 min) или завршен писмен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Усмен испит: за студентите кои ги положиле парцијалните испити или го положиле завршниот писмен испит и ги изработиле предвидените домашни и проектни задачи, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти. За време на испитот е дозволено користење литературата по предметот во печатена форма. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Ристо Ачковски | Надземни и кабелски водови | ЕТФ-Скопје | 1995 | ||||
2 |
Ристо Ачковски | Збирка задачи по надземни и кабелски водови | ФЕИТ-Скопје | 2015 | ||||
3 |
Ристо Ачковски | Компјутерска програма и упатство за проектирање на надземни водови | ЕТФ-Скопје | 2005 |