Наменски процесори

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Наменски процесори

Код: 3ФЕИТ07007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Данијела Ефнушева

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со различни процесори за специфична намена. Развој на процесори со специфична намена.

Содржина на предметната програма: Запознавање со различни видови наменски процесори. Подрачја каде се потребни процесори со специфична намена: мултимедија, обработка на слика, дигитална обработка на сигнали, мрежно процесирање, жичани и безжични мрежи, безбедност и заштита на системи, криптографија, обработка со мала потрошувачка на енергија, паметни уреди, паметен дом итн. Концепти и техники за проектирање на наменски процесори. Креирање на инструкциско множество и хардверски компоненти за специфична намена. Практични аспекти на хардверско/софтверски кодизајн при развој на наменски процесори.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Panos C. Lekkas "Network Processors: Architectures, Protocols and Platforms" McGraw Hill 2003

2

Paolo Ienne, Rainer Leupers "Customizable Embedded Processors: Design Technologies and Applications" Elsevier 2007

3

F. Mayer-Lindenberg "Dedicated Digital Processors: Methods in Hardware/Software Co-Design" Wiley 2004