Напредни апликации за мобилни уреди

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Напредни апликации за мобилни уреди

Код: 3ФЕИТ10019

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Владимир Атанасовски, Вон. проф. д-р Перо Латкоски

Цели на предметната програма (компетенции): Развој на сложени апликации за сложени ИКТ системи. Комплетно разбирање на развојниот циклус на една современа ИКТ апликација

Содржина на предметната програма: Поим за корисничко искуство и кориснички интерфејс (UX/UI). Околини за развој на напредни UX/UI решенија. Дизајн на напреден UI. Работа со ресурсно лимитирани уреди. Скалабилност. Предности и недостатоци на специфични и платформски независни развојни системи. Управување со мултимедија. Поврзување со бази на податоци. Вмрежување и справување со мрежни испади. Интеграција на податочни извори во интегрирана апликација (на пр. сензорски податоци). Human Computer Interface (HCI). Ергономија на интерфејси. Користливост. Тестирање на апликации.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Benjamin Bahr Prototyping of User Interfaces for Mobile Applications Springer 2017

2

Jaime Levy UX Strategy: How to Devise Innovative Digital Products that People Want O’Reilly Media 2015

3

Adrian Mendoza Mobile User Experience: Patterns to Make Sense of it All Morgan Kaufmann 2013