Предмет: Напредни стандарди за складирање и обработка на податоци
Код: 3ФЕИТ07010
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Даниел Денковски, Доц. д-р Горан Јакимовски
Цели на предметната програма (компетенции): Управување, моделирање, складирање и рударење со податоците. Работа со полу-структурирани и неструктурирани бази на податоци. Работа со XML и МуSQL и алатки за конвертирање и работа со NoSQL. Работа со мултимедиски податоци.
Содржина на предметната програма: Преглед на структурираните бази на податоци, недостатоци и предности. Вовед на полу-структурирани бази на податоци и концепт на XML. Оптимална стратегија за креирање на полуструктурирани податоци и концепти на неструктурирани бази на податоци. Концепти на NoSQL наспроти SQL. Оптимизирање на складирањето на податоци и интерпретација на податоци преку податочно рударење. Начини на складирање, обработка и донесување заклучоци кај мултимедиски податоци и поврзување на истите со постоечките податоци.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Eliotte Harold | XML bible, 3rd edition | John Wiley & Sons | 2004 |
2 | Ralph Stair, George Reynolds | Fundamentals of information systems | Course Technology | 2015 |
3 | Anand Jarajaman, Jerffrey Ullman | Mining of massive datasets | Cambridge | 2011 |