Напредни техники за дигитално процесирање на сигнали

Последна измена: март 30, 2021

Предмет: Напредни техники за дигитално процесирање на сигнали

Код: 3ФЕИТ05011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Димитар Ташковски

Цели на предметната програма (компетенции): Успешното завршување на наставната дисциплина на студентите ќе им обезбеди: запознавaње со сите релевантни дискретни трансформации и нивните особини кои овозможуваат процесирање во домен на трансформацијата; оспособеност за препознавање на ситуациите во кои одредена трансформација покажува подобри перформанси од друга; запознавање со брзи алгоритми за имплементација на дискретните трансформации. Исто така, со успешно завршување на курсот, студентот ќе демонстрира знаење и разбирање на: основите на процесирањето со повеќе брзини, основната идеја кај банките на филтри, дизајн на банки на филтри и врската помеѓу банките на филтри и вејвлет трансформацијата.

Содржина на предметната програма: Куса ревија на модели на сигнали. Дефиниција и основни својства на дискретните трансформации. Ортогонални дискретни трансформации: Фуриеoва (DFT),  Hartley-ева(DHT), Karhunen-Loeve (KLT), косинусна (DCT), Преклопена (LOT), вејвлет (DWT),  Walsh-Hadamard (WHT). Брзи алгоритми: концепт и одбрани примери.  Некои карактеристични примени на DSP во домен на трансформација: филтрирање, процена на спектар, кодирање, адаптивно филтрирање, процесирање со повеќе брзини. Вовед во основната теорија на процесирање со повеќе брзини: децимација, интерполација и конверзија на брзината на дискретизација. Двоканални банки на филтри: банки на филтри со квадратно-огледална симетрија (QMF),  банки на филтри со совршена реконструкција, параунитарни, биортогонални и банки на филтри со линеарна фаза. Решеткаста структура на банки на филтри со совршена реконструкција. Врска на банки на филтри со вејвлет трансформација. Лифтинг имплементација на вејвлет трансформација. Примена на вејвлети за анализа и компресија на сигнали.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

D. F. Elliot and K. Ramamohan Rao, Fast Transforms: Algorithms, Analyses, Applications, Academic Press. Orlando FL,

2

P.P. Vaidyanathan, Multirate Systems and Filters Banks Prentice Hall, 1993

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

G. Strang and T. Nguyen, Wavelets and filter banks, Wellesley-Cambridge Press