Предмет: Напредни телекомуникациски мрежи
Код: 3ФЕИТ10021
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Владимир Атанасовски
Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на тековните телекомуникациски мрежни структури, способност за аналитичност и мрежен дизајн и јасна визија за тенденциите на идниот развој на телекомуникациските омрежувања.
Содржина на предметната програма: Преглед на трансмисиони техники (каналски и пакетски) и трансмисиони инфраструктури во модерните телекомуникациски мрежи. Преглед на широкопојасни пристапни технологии. Напредни пристапни телекомуникациски мрежи. xDSL, кабелски пристап, PLC, безжичен пристап. Основи на MPLS i GMPLS. Концепт на Carrier Ethernet. Рутирачки алгоритми (класификација и карактеристики) Напредни решенија за управување. IMS. Интеграција. Развој на NGN. Сервисни примери. Телесообраќаен инженеринг на NGN. All-IP архитектури. Анализа на перформанси на all-IP мрежи (пропустност, доцнење). Преглед на технологии за безжично омрежување. Регулатива и стандардизација во телекомуникациски мрежи. Пример за решение (Case study). Преглед на безжични и мобилни напредни мрежни решенија. Тенденции на равој на телекомуникациските мрежи.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Eugenio Iannone | Telecommunication Networks | CRC Press | 2017 |
2 | A Leon-Garcia, I Widjaja | Communication Networks | Mc Grow Hill | 2004 |
3 | Bruce S. Davie Yakov Rekhter | MPLS: Technology and Applications | Morgan Kaufmann Publishers Inc. | 2000 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Keith W. Ross | Multiservice Loss Models for Broadband Telecommunication Networks | Springer | 1995 |