Нуклеарни електрични централи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Нуклеарни електрични централи
2. Код 4ФЕИТ04Л012
3. Студиска програма ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Антон Чаушевски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). ) Запознавање на студентите со технологијата на производство на електрична енергија од нуклеарни централи, како и развојот на нуклеарната енергетика во светот. Можност за споредбени анализи со другите технологии на производство на електрична енергија, вклучување во пресметки за анализи од развојот на изворите во ЕЕС.
11. Содржина на програмата: Трансформација на нуклеарната енергија во внатрешна калорична енергија . Карактеристики на нуклеарен реактор, термални енергетски нукле¬ар¬ни реактори, компоненти на активната зона и нивна функција, нуклеар¬но гориво Конструктивни карактеристики на реакторските компоненти и нуклеарното гориво. Врсти на материјали и нивни карактеристики кои се употребуваат за гориво, разладувач, модератор, конструкции во активната зона, заштита од зрачење и за извлекување на управувачки елементи. Пренос на топлина помеѓу горивниот елемент и разладувачот, и просторна распределба на температури во горивниот канал . Карактеристики на парогенераторот, распределба на температури на примар¬ни¬от и секундарниот медиум. Дози на радијационо зрачење и заштита од радијација во НЕЦ. Изградба на НЕЦ, проблем на лоцирање, ладење, поврзување на ЕЕС и еколошки ефекти. Типови на современи нуклеарни реактори: лесноводни и тешководни. Развој на новите технологии на нуклеарни реактори.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 105
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 100
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Посетеност на предавањата и вежбите.
20. Начин на полагање на испитот Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Антон Чаушевски Нуклеарни електрични централи – интерна скрипта ФЕИТ NULL
2 Feretic, Cavlina, Debrecin Nuklearne elektrane Skolska knjiga, Zagreb NULL
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 R. L. Murray Nuclear Energy North Carolina NULL