Обезбедување на квалитет во радијациона дозиметрија

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Обезбедување на квалитет во радијациона дозиметрија

Код: 3ФЕИТ08022

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Маргарита Гиновска

Цели на предметната програма (компетенции): Дозиметриски величини и единици, интеракцијата на јонизирачките зрачења со материјата, како  и со техниките и инструментите за дозиметриски мерења. Се оспособува за решавање на конкретни теориски и практични проблеми поврзани со мерења на јонизирачки зрачења, контролата на квалитетот и калибрациите. Студентот стекнува познавања за протоколите и методите кои се неопходни за менаџирање на квалитетот на радијационите мерења и калибрациите кои се применуваат во медицинската физика, радијационата сигурност, индустриските апликации и  животната средина.

Содржина на предметната програма: Вовед во радијациона физика. Дозиметриски величини и единици. Интеракција на  зрачењето со материјата. Стандардизирани техники и инструменти за радијациони мерења. Методи за контрола на квалитет на  мерењата на јонизирачките зрачења и калибрации.Термолуминисцентна дозиметрија. Контрола на квалитет на јонизирачките зрачења што се применуваат во медицината, индустријата и радијационата сигурност. Напредни методи и техники за обезбедување на квалитет во радијационата дозиметрија – дозиметрија на мали полиња.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Џејмс Е. Мартин Физика за заштита од радијација Просветно Дело, Скопје, 2009 2009
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Rodolphe Antoni, Laurent Bourgois Applied Physics of External Radiation Exposure: Dosimetry and Radiation Protection, Springer, Cham 12013
2 Gad Shani Radiation Dosimetry: Instrumentation and Methods CRC Press, Boca Raton 2001
3 Frank Herbert Attlx Introduction тo Radiological Physics аnd Radiation Dosimetry WILEY-VCH Verlag, Weinheim 2004