Оптички комуникации

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Оптички комуникации

Код: 3ФЕИТ10023

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Александар Ристески

Цели на предметната програма (компетенции): Се очекува студентот да може да применува аналитичко, нумеричко и симулациско моделирање на оптички линкови и нивните компоненти; да прави анализа на перформансите на различни видови оптички интерконекти и нивната примена. Се очекува да биде подготвен да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области.

Содржина на предметната програма: Видови оптички интерконекции и архитектура на оптички комуникациски линкови. Примена на оптичките интерконекции на ниво на: WAN/MAN/LAN/SAN мрежи (out-of-the-box); систем/плоча/модул/чип (in-the-box). Предизвици за поголеми брзини на оптичките линкови (100 Gb/s Ethernet, Tb/s, …). Моделирање на електрично поле на ласер. Модална распределба на моќноста што се лансира во оптичкиот медиум. Моделирање на оптички приемник. Модели за простирање на светлината низ оптички медиум. Преносна функција на оптички медиум. Конектори, нивни трасфер матрици, слабеење, мешање на модовите и влијание на поместувањата во конекторот. Нумерички и симулациски модели за оптички линкови. Анализа на перформансите на оптичките линкови. Нелинеарни феномени. Оптички брановоди со правоаголен напречен пресек, нивни карактеристики и примена. Полимерни оптички влакна, нивни карактеристики и примена. Интегрирани оптички интеконекции.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 G. Agrawal Nonlinear Fiber Optics (Optics and Photonics) Academic Press, 4 edition 2006
2 G. Agrawal Fiber-Optic Communication Systems Wiley-Interscience 2002
3 O. Ziemann, J. Krauser, P. Zamzow, W. Daum POF Handbook: Optical Short Range Transmission Systems Springer, 2nd edition 2008
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки и друга литература.