Оптимално и робустно управување

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Оптимално и робустно управување
2. Код 4ФЕИТ01010
3. Студиска програма 6-АРСИ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Весна Ојлеска Латкоска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Оспособеност за решавање проблеми од робустно управување. Користење на повеќе методи и алгоритми. Изведување на нумерички решенија за оптимално и робустно управување. Можност за примена на најразлични методологии, во склоп на дадената содржина, на реални проблеми од управување и моделирање, како и оспособеност за научно-истражувачка работа во областа.

11. Содржина на програмата:

Алгебарски Рикатиеви равенки. Интерна стабилност. Параметризација на сите контролери. H2-управување и H2 филтрирање. H-inf управување и Х-инф филтрирање. Редукција на контролер. Несигурност на моделот. Генерална рамка за синтеза на робустност.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
 17.1 Тестови 0 бодови
 17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
 17.3. Активност и учење 0 бодови
 17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Успешно изработена проектна задача.
20. Начин на полагање на испитот

Предвидена е проектна задача, која студентите треба да ја изработат и презентираат во текот на семестарот. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит и/или завршен усен испит. За студентите кои го положиле завршниот испит, и кои претходно, за време на семестарот ја изработиле и презентирале проектната задача, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот испит и поените добиени од проектната задача.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Kemin Zhou with John C. Doyle, and Keith Glover Robust and optimal control Prentice Hall 1996
2.
3.
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Kemin Zhou,with John C. Doyle   Essentials of robust control   Prentice Hall  1999
2.   J. Stefanovski   H-inf problem with nonstrict inequality and  all solutions: Interpolation approach,,SIAM J. Contr. and Optim., Vol. 53, No. 4, pp. 1734—1767.   SIAM  2015