Основи на електрични кола

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Основи на електрични кола

2.    Код

3ФЕИТ06Л004

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

I/2

7.    Број на ЕКТС

7.00

8.    Наставник

Д-р Весна Арнаутовски-Тошева, Д-р Леонид Грчев, Д-р Марија Кацарска

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање на студентите со основните закони од теоријата на електрични кола. По завршувањето на курсот студентот ќе е оспособен за користење на методи и техники за анализа на електрични кола.

11.    Содржина на програмата: Електрични кола од прв и втор ред (RC, RL и RLC). Преодни појави и анализа во стационарен режим. Простопериодичен синусен режим. Фазори. Релации меѓу фазори за елементите на колата. Комплексни претставници (фреквенциски домен). Импеданса и адмитанса. Кирхофови закони  и методи за решавање во фреквенциски домен. Моќност во простопериодичен режим. Индуктивно спрегнати кола. Фреквенциски одзив. Преносна функција. Сериска и паралелна резонанција. Пасивни филтри. Трифазни системи. Мрежи со два пристапа.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

210

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

45

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

20

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Посетеност на наставата и навремено изработени лабораториски вежби.

20. Начин на полагање на испитот

Испитот се полага писмено и се состои од: прв дел задачи и втор дел прашања. Во текот на семестарот се предвидени два парцијални испити од прв дел задачи (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле двата парцијални испити (задачи) може да се спроведе завршен испит од втор дел со прашања од теорија (времетраење 45 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити (задачи), тестовите и завршниот испит (прашања).
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит – задачи (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе втор дел од испитот прашања од теорија (времетраење 45 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит (дел задачи), тестовите и вториот дел од испитот (теорија).
Книги и други материјали за учење не се дозволени во тек на испитот.

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ч.К. Александер и М.Н.О. Садику Основи на електрични кола ДАТАПОНС Дооел Скопје 2012