Основи на електрични кола

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Основи на електрични кола
2. Код 4ФЕИТ06Л005
3. Студиска програма ТКИИ,КСИАР,КХИЕ,КТИ,ЕЕС,ЕЕПМ,ЕАОИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар I/2 7. Број на ЕКТС 7
8. Наставник Д-р Благоја Марковски, Д-р Весна Арнаутовски-Тошева, Д-р Владимир Ѓоргиевски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање на студентите со основните закони од теоријата на електрични кола со константни и временски променливи простопериодични независни и зависни извори. По завршувањето на курсот студентот ќе е оспособен за користење на методи и техники за поставување и решавање на соодветно ниво на проблеми од електрични кола. Целта е да студентите добијат трајни основни и продалбочени знаења од теоријата на електричните кола, како и вештини на користење на програми за симулација и мерење на електрични величини во лабораторија.
11. Содржина на програмата: Електрични кола со временски константни зависни извори. Електрични кола од прв и втор ред (RC, RL и RLC). Преодни појави и анализа во стационарен режим. Електрични кола со независни и зависни простопериодични извори. Фазори. Релации меѓу фазори за елементите на колата. Комплексни претставници (фазорски домен). Импеданса и адмитанса. Кирхофови закони и методи за решавање во електрични кола во фазорски домен. Моќност во простопериодичен режим. Трифазни системи. Индуктивно спрегнати кола. Фреквенциски одзив. Преносна функција. Сериска и паралелна резонанција. Пасивни филтри. Мрежи со два пристапа.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација, домашни задачи, тестови, аудиториски и лабораториски вежби.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 210
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 50
16.3. Домашно учење 70
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Посетеност на наставата и изработени лабораториски вежби и тест од лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Испитот се полага писмено и се состои од: прв дел задачи и втор дел прашања. Во текот на семестарот се предвидени два парцијални испити од прв дел задачи (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле двата парцијални испити (задачи) може да се спроведе завршен испит од втор дел со прашања од теорија (времетраење 45 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити (задачи), тестовите и завршниот испит (прашања).
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит – задачи (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе втор дел од испитот прашања од теорија (времетраење 45 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит (дел задачи), тестовите и вториот дел од испитот (теорија).
Книги и други материјали за учење не се дозволени во тек на испитот.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Ч.К. Александер и М.Н.О. Садику Основи на електрични кола McGraw-Hill 2012