| 1. Наслов на наставниот предмет | Персонални, ad-hoc и IoT мрежи | |||||||
| 2. Код | 4ФЕИТ10З021 | |||||||
| 3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
| 4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
| 6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
| 8. Наставник | Д-р Владимир Атанасовски | |||||||
| 9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушан: Комуникациски мрежи | |||||||
| 10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со карактеристиките на IoT мрежни концепти релевантни за изградба на ИКТ инфраструктури. Разбирање на концептот на кратко-дометни мрежи (сензорски мрежи, RFID, NFC) и персонално омрежување (PAN, BAN). Анализа и дизајн на ад-хок мрежи. Елементи на ИКТ инфраструктури и комуникации во облак. Способност за развој на IoT сервиси и апликации (примери). Тенденции на развој во насока на IoE. | ||||||||
| 11. Содржина на програмата: Вовед. Персонални мрежи WPAN (Bluetooth). Сензорски мрежи (стандарди – IEEE 802.15.x, архитектури, протоколи, апликации). RFID, NFC. Базични концепти во ad-hoc безжични мрежи. MAC и рутирачки протоколи во ad-hoc мрежи. Концепт на Интернет на нештата (Internet of Things – IoT). Меѓумрежно поврзување во IoT. Поврзување во облак. Aпликации и сервиси поврзани со концептите на IoT (на пр. интелигентни домови, интелигентен транспорт, интелигентни градови.) Иден развој (Internet of Everything – IoE). | ||||||||
| 12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи | ||||||||
| 13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
| 14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
| 15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
| 15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
| 16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
| 16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
| 16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
| 17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
| 17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
| 17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
| 17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
| 18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
| од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
| од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
| од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
| од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
| од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
| 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби | |||||||
| 20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испити во текот на семестарот (на половина и на крај од семестарот) во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, дозволен е само калкулатор | |||||||
| 21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
| 22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
| 23. Литература | ||||||||
| 23.1. Задолжителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | С. Грингард | Интернет на нешта | MIT Press | 2015 | ||||
| 2 | К. Шваб | Четврта индустриска револуција | Currency | 2017 | ||||
| 3 | С. Пол | Водич за мобилни ad-hoc мрежи и безжични сензорски мрежи: од основни концепти до апликации | LAP LAMBERT Academic Publishing | 2018 | ||||
 
			
