Предмет: Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС
Код: 3ФЕИТ04015
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Софија Николова-Поцева
Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на овој курс студентот стекнува знаења за методите и оспособеност за користење на современи техники и алатки кои се користат за планирање на развој на електрични централи во електроенергетскиот систем.
Содржина на предметната програма: Дијаграм на оптоварување и крива на траење на оптоварување. Поделба на дијаграмот на оптоварување. Апроксимација на кривата на траење на оптоварување. Методи за предвидување на оптоварувањето во ЕЕС. Хидролошки податоци, нивна анализа и методи за нивна обработка. Определување на потребна структура на извори во ЕЕС. Редослед на градење на електрични централи. Припремни работи и основа на методите за определување на редоследот на изградба на електрични централи. Експлоатациони карактеристики на термоелектрични централи и хидроелектрични централи и нивна апроксимација. Методи за одредување на очекуваното производство на електрична енергија од хидроелектрични централи Методи за одредување на очекуваното производство на електрична енергија од термоелектрични централи. Примена на методот на комбинации, методот на еквивалентни криви. Одредување на производни трошоци во системот. Економски анализи и критериуми за избор на поволна варијанта за развој на производството во ЕЕС.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
International Atomic Energy Agency | Expansion Planning for Electrical Generating Systems: A Guidebook | IAEA, Vienna | 1984 |
2 |
Hrvoje Požar | Snaga i energija u elektroenergetskim sistemima | Informator, Zagreb | 1983 |
3 |
Fawwaz Elkarmi, Nazih Abu Shikhah | Power System Planning Technologies and Applications: Concepts, Solutions and Management | IGI Global | 2012 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Allen J. Wood, Bruce F. Wollenberg | Power Generation, Operation and Control | John Wiley & Sons | 1996 |
2 |
H. Wayne Beaty | Handbook of Electric Power Calculations, Third Edition | McGraw-Hill | 2001 |