Планирање на ЕЕС

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Планирање на ЕЕС
2. Код 4ФЕИТ09Л017
3. Студиска програма ЕЕС
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Петар Крстевски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Електрични мрежи
Ислушани: Пазари на електрична енергија
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на познавања за концептот и методите за планирање на преносни и дистрибутивни електроенергетски системи (ЕЕС). Разбирање на содржината и начинот на изработка на плановите за развој на ЕЕС. Следење на најновите трендови во областа.
11. Содржина на програмата: Временски домени на планирањето на ЕЕС. Основни концепти во планирањето на ЕЕС – концепт на сигурност и стабилност, доверливост, квалитет на електрична енергија и економичност. Прогноза на потрошувачката и оптоварувањето во ЕЕС. Методи за долгорочна прогноза на годишната потрошувачка на електрична енергија. Варијации на потрошувачката во текот на годината. Прогноза на врвно и минимално оптоварување. Планирање на преносни мрежи. Преносни водови – инвестициски и експлоатациски трошоци. Постројки во преносната мрежа. Оптимизација на преносот помеѓу две точки – Келвинови правила, економични и максимални струи на водови, избор на напон за пренос, економска импеданција. Пресметка на оптималното време на инвестирање во електроенергетски објекти. Стандардизација на елементите од преносните мрежи. Модели за глобално планирање на преносни мрежи. Принципи на планирање на конфигурациите на преносните мрежи. Метод на сукцесивна експанзија. Метод на сукцесивна редукција. Анализа на осетливост со линеарно програмирање. Планирање на преносни системи во услови на зголемено производство од ОИЕ. Регионално планирање на преносни системи. Прогноза на врвни оптоварувања на мали дистрибутивни подрачја. Метода на хиерархиска повратна врска. Метода на генерирани криви на класи потрошувачи. Оптимизациски проблеми во планирањето на ЕЕС. Стебло со најмали должини. Неограничен транспортен проблем. Транспортен проблем со фиксни трошоци. Планирање на дистрибутивни системи. Математичка формулација на проблемот. Планирање на дистрибутивен систем со поврзана структура. Планирање на дистрибутивен систем со радијална структура. Дистрибутивни системи во урбани подрачја. Планирање на дистрибутивни системи во услови на зголемено производство од ОИЕ и нови технологии.
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и практични примери, интерактивност на часовите, консултации и изработка на домашни/семинарски задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на предавањата и вежбите
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Покрај тоа, студентот треба да ги изработи предвидените домашни/семинарски задачи и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. За студентите кои не се успешни во полагањето на парцијалните испити, постои дополнителна можност да полагаат завршен писмен испит, со времетраење од 180 минути.
Завршната оценка се определува според поените добиени од испитите и домашните/семинарските задачи, кои учествуваат со соодветни тежински коефициенти.
За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 П. Крстевски Планирање на ЕЕС (интерна скрипта) ФЕИТ, Скопје 2021
2 M. Calovic, A. Saric, P. Stefanov Planiranje elektroenergetskih sistema Beopres, Beograd 2000
3 M. Kusljugic, M. Nimrihter Planiranje elektroenergetskih sistema CEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-2003 2007
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 H. Seifi, M. S. Sepasian Electric Power System Planning – Issues, Algorithms and Solutions Springer 2011
2 H. Chen, H. Ngan, Y. Zhang Power System Optimization: Large-scale Complex Systems Approaches Wiley 2016
3 Arthur Mazer Electric Power Planning for Regulated and Deregulated Markets John Wiley & Sons 2007