1. Наслов на наставниот предмет | Податочни структури и програмирање | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ07Л018 | |||||||
3. Студиска програма | КТИ,КСИАР,КХИЕ,ТКИИ,ЕЕПМ,ЕЕС,ЕАОИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | I/2 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Христијан Ѓорески,Д-р Славче Пејоски,Д-р Томислав Шуминоски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со податочните структури, класи и инстанцирање на објекти. По завршување студентот ќе може да решава програмски проблеми со помош на објектно ориентирано програмирање во C++, и тоа: креирање на класи, објекти, преоптоварување на оператори, виртуелни фукнции, наследување. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во нов тип на променливи. Сложени податочни типови. Дефинирање на структури. Дефинирање, користење и компајлирање со сопствени заглавја. Автоматизирање на компајлирањето со помош на алатката make и Makefile. Вовед во C++. Концепти на програмирање во C++. Структури во C++. Референци и покажувачи во C++. Функции и преоптоварување на функции. Концепти на објектно-ориентирано програмирање. Концепти на класи и објекти. Поими за конструктор и деструктор. Нови податочни структури. Концептите на податочните структури магацини и редови. Пријателски класи и функции. Функции членови на класа. Преоптоваруање на оператори (функции) членови на класа.Концепти за единечно поврзани листи. Концепти на двојно поврзани листи. Двојно поврзани листи во C++. Динамична алокација на меморија.Концепти на наследување. Концепт на полиморфизам. Обопштување на класи. Виртуелни Функции. Апстрактни класи. |
||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојно учење | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 2 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 60 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 60 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од по 120 минути или еден завршен писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Оценување на лабораториските вежби, како и тестови за континуирана проверка на знаење. | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Cormen, Thomas, Charles Leiserson, Ronald Rivest, and Clifford Stein | Introduction to Algorithms | MIT Press, 2009. ISBN: 9780262033848. | 2009 | ||||
2 | Michael T. Goodrich, Roberto Tamassia, David M. Mount, | Data Structures and Algorithms in C++ | Wiley, ISBN 978-0-470-38327-8 | 2011 | ||||
3 | Robert Lafore | Object Oriented Programming in C++ | Sams; Subsequent edition | 2001 |