Предмет: Позиционирање и технологии за мобилност
Код: 3ФЕИТ10024
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Славче Пејоски
Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на концептите на позиционирање и комуникациски системи за интелигентна мобилност. Способност за развој на апликации кои вклучуваат позиционирање во интелигентните транспортни системи.
Содржина на предметната програма: Преглед на локациски базирани сервиси. Основи на локализација: параметри и мерења, инфраструктура и протоколи, просторно-временски референтни системи, методи за позиционирање. Обработка на сигнали при локализација: навигациски равенки, алгоритми за решавање на истите, мерки за точност и отстапувања во решението. Терестријални радио-локациски системи: позиционирање во целуларни системи (GSM, UMTS) и краткодометни системи (WiFi, Bluetooth, ZigBee, UWB, RF-ID). Сателитски системи: GPS, Galileo, GLONASS, Beidou/Compass, сигнали и спрединг кодови, навигациски пораки, архитектура на приемник. Вовед во интелигентни транспортни системи (ИТС): архитектура и елементи, примери и апликации. Софтверски алатки и платформи за имплементација на ИТС. Примена на локациски сервиси за апликации поврзани со мобилност. Основи на надгледување на сообраќај: сензори и комуникациски системи за идентификација и броење на возила/патници/опрема, возилата како сонди (probe vehicles) и податоци од возила во движење (floating car data), управување со флота на возила, наплата при патување, транспорт по барање. Преглед на комуникациски технологии за безбедност и транспорт: целуларни, сателитски и краткодометни комуникации, комуникација возило-возило, комуникација возило-инфраструктура, комуникациски системи за сигнализација и контрола.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Alan Bensky | Wireless Positioning Technologies and Applications | Artech House | 2016 |
2 | Ivan G. Petrovski | GPS, GLONASS, Galileo, and BeiDou for Mobile Devices: From Instant to Precise Positioning | Cambridge University Press | 2014 |
3 | Asier Perallos, Unai Hernandez-Jayo, Enrique Onieva, Ignacio Julio García Zuazola | Intelligent Transport Systems: Technologies and Applications | John Wiley & Sons, Ltd. | 2015 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Nikolas Thomopoulos, Moshe Givoni, Piet Rietveld | ICT for Transport: Opportunities and Threats | Edward Elgar Publishing | 2015 |