Преобразувачи со прелевање електричен полнеж

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Преобразувачи со прелевање електричен полнеж

Код: 3ФЕИТ05013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Јосиф Ќосев

Цели на предметната програма (компетенции): Познава класа енергетски преобразувачи базирани исклучиво врз складирање енергија во кондензатори. Владее методи за проектирање П2ЕП на плочка (on-board) и на чип (on-chip). Применува симулациони методи за проверка на проектираните преобразувачи. Проценува применливост во практични ситуации.

Содржина на предметната програма: Oбласти на примена на П2ЕП; Oсновни појави кај прелевањето полнеж; Преглед на видовите П2ЕП преобразувачи; Историски развој; П2ЕП од еднонасочен во еднонасочен напон; П2ЕП за наизменични напони; Пристапи кон анализата и дизајнот на П2ЕП; Примена на П2ЕП во интегрираните кола.

Литература:

Задолжителна литература        
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Feng Pang, Tapan Samaddar Charge Pump Circuit Design McGraw-Hill 2006
2 Јосиф Ќосев Преобразували со прелевање електричен полнеж (докторска дисертација) ФЕИТ 2001
3 Michael Douglas Seeman A design methodology for switched capacitor converters (tech. report UCB/EECS-2009-78) University of California at Berkeley 2009
Дополнителна литература        
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Mingliang Liu Demystifying Switched- Capacitor Circuits Elsevier Inc. 2007