Применети дискретно-настански системи

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Применети дискретно-настански системи

Код: 3ФЕИТ01014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Јован Стефановски

Цели на предметната програма: Оспособеност за решавање проблеми од анализа и проектирање на дискретно-настански системи. Користење на повеќе методи и алгоритми. Изведување на нумерички решенија за управување и/или филтрирање. Можност за примена на најразлични методологии, во склоп на дадената содржина, на реални проблеми од управување и моделирање, како и оспособеност за научно-истражувачка работа во областа.

Содржина на предметната програма: Вовед: концепт на настан и поим за дискретно-настански систем (ДНС) и нивен однос со континуалните системи. Состојба на ДНС. Основи на теоријата на графови и методи за одредување на оптимална патека. Конечни автомати и јазици. Равенка и дијаграм на промена на состојбата на системот. Моделирање и симулација на дискретно-настански системи. Статички, динамички и обоени Петри мрежи. Основи на макс-плус алгебра. Стринг алгебра и матричен опис на ДНС. Анализа на ДНС (набљудливост, стабилност, конфликти и застој). Синтеза на ДНС и поим на повратна врска. Управливост и методи на управување и проектирање на надгледувач (супервајзорски управувач). Примена на теоријата на ДНС за моделирање, анализа и проектирање на сообраќајни системи, автоматизирани складишта, автоматски производствени линии, комуникациски системи, компјутерски мрежи… Примена на софтверски алатки за анализа и проектирање на дискретно настански системи.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Christos Cassandras, Stephane Lafortune Introduction to Discrete Event Systems Springer Science + Bussines Media, LLC 2008

2

B. Hruz, M. C. Zhou Modelling and Control of Discrete-event Dynamic Systems with Petri Nets and Other Tools Springer-Verlag London Limited 2007

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

R. David, H. Alla Discrete, Continuous and Hybrid Petri-Nets Springer Verlag Berlin Heidelberg 2005

2

Naiqi Wu, MengChu Zhou System Modeling and Control with Resource-Oriented Petri Nets CRC Press Taylor&Francis Group 2012

3

Peter J. Haas Stochastic Petri nets: modelling, stability, simulation Springer-Verlag New York, Inc. 2002