Предмет: Применети механизми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност
Код: 3ФЕИТ09007
Број на ЕКТС кредити: 4 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+0+0+2
Наставник: Проф. д-р Весна Борозан
Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на механизмите за поддршка на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и енергетската ефикасност (ЕнЕ), нивна примена во ЕУ и Република Македонија и ефективност на примената, како и критичка проценка на погодноста за примена на одделни мерки во зависност од социо-економските услови и посакуваните резултати од примената.
Содржина на предметната програма: 1. Трет пакет за енергетика на ЕУ и политика на Енергетската заедница: Цели – „20-20-20 до 2020“, Директиви за промоција на ОИЕ, Директиви за промоција на ЕнЕ, Обврски на Република Македонија како страна во Договорот за Енергетска заедница, Стратегии и акциони планови за унапредување на ОИЕ и ЕнЕ во Република Македонија. 2. Механизми за поддршка на ОИЕ: Инвестициони субвенции; Даночни олеснувања; (Фиксни) повластени тарифи; Повластена премија; Акционерски програми; Програми за учество; Зелени тарифи; Тендерски систем; Систем за тргување на зелени сертификати; Еколошки даноци; Доброволни договори. 3. Примена и резултати од примената на механизмите за поддршка на ОИЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија. 4. Механизми за поддршка на ЕнЕ: Еколошки даноци; Даночни олеснувања; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку снабдувачите со енергија; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку пазарот на големо; Инвестициони субвенции; Бели тарифи; Повластени кредити; Систем за тргување на Кјото единици; Фискални стимулации од државниот буџет. 5. Примена и резултати од примената на механизмите за поддршка на ЕнЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
A. Piebalgs | „ Europe’s New Energy Policy“ | Claeys & Casteels, Belgium | 2009 |
2 |
C. W. Jones (Ed.) | „EU Energy Law – Volume 1, The Third Internal Energy Market, The Third Liberalisation Package“ | Claeys & Casteels | 2010 |
3 |
D. Buschle, H. Lesjak (Eds.) | „The Energy Community Legal Framework 2017“ | Energy Community Secretariat | 2017 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали | |||
2 |
IEA | „Energy Efficiency Governance“ | OECD/IEA | 2010 |
3 |
CEER | “Key support elements of RES in Europe: moving towards market integration” | CEER, Brussels | 2016 |