Процесни мерења

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Процесни мерења

2.    Код

3ФЕИТ03З011

3.    Студиска програма

КСИАР

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Живко Коколански

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Мерења во електротехника

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на знаења за процесните мерно-информациски и мерно-управувачки системи. Способност за дизајн, реализација и одржување на процесни мерни системи.

11.    Содржина на програмата: Вовед во процесни мерења. Поим и класификација на мерни сетила и преобразувачи во поглед на излезниот сигнал. Поим за активни сетила, пасивни сетила и паметни сетила и преобразувачи. Модел на процесен мерен систем. Внатрешни и надворешни нарушувања на мерниот систем. Примена на табели за пребарување и парцијална линеарна интерполација за апроксимација на преносната карактеристика на мерен систем. Линеаризација и компензација кај мерни системи. Сензорски интерфејси базирани на мерење периода, фреквенција и временски интервал. Мултивибратори како електронски кола за прилагодување. Сензорски интерфејси базирани на мерење амплитуда. Капацитивно и индуктивно спрегнување и елиминирање на интерференција. Активно и пасивно оклопување. Заземјување на мерни кола. Телеметрија и пренос на мерни податоци.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, тестирање на лабораториски вежби и можна изработна на проектна задача. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и проектната задача.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и проектната задача.
Проектната задача студентот ја работи за време на лабораториските вежби и мора да демонстрира практично решение и техничка документација две недели пред крајот на семестарот.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ж. Коколански Процесни мерења – интерна скрипта ФЕИТ 2016

2

Ramon Pallas-Areny, John G. Webster Sensors and Signal Conditioning, Second Edition Data Acquisition for Instr. and Control Systems John Wiley & Sons 2001

3

J.Park, S. Mackay Data Acquisition for Instr. and Control Systems Elsevier 2003