Предмет: Проектен менаџмент
Код: 3ФЕИТ04016
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Вангел Фуштиќ
Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен за разбирање на целите на проектите како зафати, нивната важност, водење и реализација. Студентот ќе може да ги определува и планира проектите според параметрите за соответен обем на работи според потребите на заинтересираните субјекти, пред сé инвеститорите, клиентите и корисниците. Со запознавање и учење на реални примери – проекти од практиката, студентот ќе биде во состојба да ја разбира, креира и унапредува својата улога во проектите, во кои ќе учествува, да го даде својот придонес за успешно и етичко случување на бизнисот.
Содржина на предметната програма: Вовед во проектен менаџмент, развој, цели и општи карактеристики. Проекти, дефиниција, нивно значење и улога во успешноста на бизнисот. Водење и менаџирање проекти во современо деловно опкружување. Стандардизација во проектен менаџмент. Project Management Body of Knоwledge-PMBOK водич во проектниот менаџмент. Категоризација на проектите. Проектни параметри и проектно планирање. Современа организација и прилагодување на проектите – Проектно портфолио. Организирање на проектни тимови. Проект менаџер. Документација во проекти (коресподенција, основна документација, тендери, понуди, договори). Обем на работите, граници на работите и менаџирање на промени. Работен план и програма. Бизнис план. Економски аспекти на проектите и менаџирање на трошоците. Анализа Трошоци-Ефекти. Готовински тек (Cash-flow). NPV, IRR и други критериуми за избор на проектна варијанта. Менаџирање на параметрите време и квалитет. Селекција на конкурентски проекти. Примери на реални проекти: D, B, DB, DBOT, ROT, DROT проекти и специфичности со припадна документација. Комерцијални, технички, социјални, институционални, финансиски и економски аспекти на проектите. Аспекти на животната средина. Менаџмент на ризик и можности во комплексни проекти. Извештаи и презентација на проекти. Случаи за анализа. Учење од проектите.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Греј, Ларсон | Проектен менаџмент | Мек Гроу Хил | 2003 |
2 | Гарет Џонс | Современ менаџмент | Мек Гроу Хил | 2007 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Експерти од областа | Научни трудови и публикации | HBR, PMI, IEEE | 20016 |
2 | В. Фуштиќ | Успешни проекти – Случаи за анализа | ПМЦ, ФЕИТ | 20015 |
3 | Џ. Филипс | ПМП – Професионален студиски прирачник за проектен менаџмент | Мек Гроу Хил | 2013 |