Проектирање и градба на фотоволтаични системи

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Проектирање и градба на фотоволтаични системи

Код: 3ФЕИТ04017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Димитар Димитров

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на познавања за избор на најсоодветна конфигурација и димензионирање на фотоволтаични системи, примена на заштитни уреди и мерки, подесување на компонентите. Оспособеност за учество во проектирање и градба на фотоволтаични системи.

Содржина на предметната програма: Компоненти на фотоволтаичните (ФВ) системи: модели и димензионирање. Конфигурации и еднополни шеми на разни видови ФВ системи. Избор на локација, начини на поставување на ФВ модулите и носечки конструкции. Избор на опрема. Просторна организација на ФВ системите и подготвителни мерки за градба. Чекори при градба на ФВ систем. Препораки за димензионирање и поставување на електричната инсталација, заштитните уреди и заземјувањето. Анализа на перформансите на ФВ системите. Системи за мониторинг и контрола. Технички услови и приклучок со електродистрибутивна мрежа. Пуштање во погон, тестирање и детекција на грешки. Содржина на проектите за ФВ системите. Изработка на документација за тековно работење и одржување.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

DGS/Berlin Planning and Installing of Photovoltaic Systems DGS/Berlin 2012

2

Geoff Stapelton, Susan Neill Grid-connected Solar Electric Systems Earthscan 2012

3

D. Rekioua, E. Matagne Optimization of Photovoltaic Power Systems: Modelization, Simulation and Control Springer-Verlag 2012

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

L. Castaner, S. Silvestre Modeling Photovoltaic Systems Using PSpice John Wiley & Sons 2002

2

Џ. Ендруз,  Н. Џели Наука за енергетиката принципи, технологии и влијанија Дата Понс 2007