Проектирање системи со аналогни и комбинирани сигнали

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Проектирање системи со аналогни и комбинирани сигнали

Код: 3ФЕИТ05020

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Јосиф Ќосев

Цели на предметната програма (компетенции): Познава активни и пасивни компоненти достапни во CMOS и нивни паразитни елементи. Разбира модели на транзистори од прв ред за почетен рачен дизајн и граници на применливост. Проектира базични примитиви на аналогни и дигитални кола како и кола со комбинирани сигнали. Применува алати за дизајн и симулација.

Содржина на предметната програма: Преглед на моделирање на CMOS компоненти: пасивни компоненти и нивни паразити, MOS транзистори при големи и малисигнали. CMOS засилувачи: засилување и пропусен опсег, каскадни степени, дифренцијален засилувач; Струјни и напонски извори: струјни огледала, напонски референци. CMOS операциски засилувачи; Стабилност и фреквенциска компензација; Излезни бафери. Шумови кај MOS колата;  Термички и 1/f шум на уред; Шум кај засилувач; Стабилизација на чопер за 1/f шум; kT/C шум. CMOS логички структури. Кола за конверзија на податоци; Скалирања на струја и напон кај D/A; Компаратори; Интегрирачки A/D; A/D со прераспределба на полнеж; Flash A/D; Sigma-Delta A/D. Филтри со прекинувачки кондензатор; Филтри со континуирано време, Фазна јамка. CAD системи за проектирање и симулација.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

B. Rаzavi Design of analog CMOS integrated circuits McGraw Hill 2001

2

R. Jacob Baker CMOS Circuit Design, Layout, and Simulation, 3rd Edition Wiley 2012

3

R. Jacob Baker CMOS: Mixed-signal circuit design, Second edition Wiley 2008

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Weste NHE, Harris D. CMOS VLSI Design: A circuits and systems perspective Addison-Wesley 2004