Предмет: Проектирање на енергетски конвертори
Код: 3ФЕИТ05016
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Томислав Карталов
Цели на предметната програма (компетенции): Практични знаења за термичките и електричните пренапрегања кај електронските енергетски елементи и склопови. Осознавање и совладување на методите за нивна заштита. Оспособување за проектирање и изведба на сложени електронски системи обезбедени од пренапрегања и заштитени од ЕМИ.
Содржина на предметната програма: Термичка анализа и проектирање: Концепт. Контрола на температурата кај полупроводничките елементи. Механизми-спроведување, струење и зрачење. Стационарен и транзиентен термички режим. Термичка анализа на капацитивни елементи. Поим за термичка околина. Термички мерења и алатки за анализа. Основни електрични и магнетни компоненти: Капацитивен елемент. Основни параметри. Видови, Карактерисики и Намена. Индуктивни елементи. материјали и јадра. Ограничувања ¾ хистерезис, скин-ефект во јадра и во бакарни намотки, Ефект на близина. Термичка анализа. Проектирање индуктивни елементи ¾ директна и итеративна процедура. Придушување и зачтита од пренапрегања: Класификација. Придушување во кола со диоди. Придушување во кола со тиристори, BJT, MOSFET и GTO. Кола за управување и активирање: Кола со униполарен и биполарен управувачки сигнал. Директна и индиректна спрега. Оптоизолирани кола и Кола со трансформаторска изолација. Каскодни кола. Кола за управување на тиристори и на GTO. Синхронизација. Импулсни Засилувачи. Принципи и елементи за заштита од несакани електромагнетни влијанија.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Гоце Шутиноски | Проектирање на енергетски конвертори (умножени предавања) | ФЕИТ – Скопје | 2006 |
2 | Rashid M. H | Power Electronics: circuits, devices and applications | Prentice Hall | 2003 |
3 | Mohan N., Undeland T, Robbins W. | Power Electronics – Converters, Applications and Design, 3-rd Ed. | Wiley | 2002 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Rashid M. H | Power Electronics Handbook | Academic Press | 2001 |
2 | Erickson, Maksimovic | Fundamentals of Power electronics, 2nd edition | Kulver Academic | 2004 |