Предмет: Проектирање на прекинувачки извори за напојување
Код: 3ФЕИТ05017
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Љупчо Караџинов
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, студентот се стекнува со: познавања за проектните барања и ограничувања кај практичните прекинувачки извори за напојување, за интегрираните кола за PWM управување, нивна селекција за дадена апликација, за програмски пакети за проектирање на прекинувачки извори за напојување и нивна употреба, а се оспособува за проектирање и изработка на прекинувачки извори за напојување и за решавање практични проблеми.
Содржина на предметната програма: Заеднички проектни ограничувања и параметри за импулсните извори за напојување. Заштита од пренапони во напојната мрежа. Методи за меко стартување и импулсно стартување. Заштита од превисоки и прениски напони за напојување. Заштита од преоптоварување. Влезни и излезни филтри. Кола за сигнализација на дефект. Намалување на стресовите на полупроводничките прекинувачки елементи. Селекција на енергетските компоненти. Посебни ограничувања при изработката на печатената плочка. Извори со повеќе излези. Кола за помошно напојување (на неенергетските кола). Само–осцилирачки извори за напојување. Извори за константна струја. Карактеристики на on-board извори за напојување. Стабилност и компензација на управувачкото коло. Примена на струјно управување. Интегрирани кола со специјална наменета (ASIC) за прекинувачки извори за напојување. Програмски пакети за проектирање на импулсни извори за напојување. Проектирање со програмскиот пакет PIExpert. Дигитално управување на енергетски електронски системи: аспекти на управувањето, споредба на дигитално и аналогно управување. Избор на компоненти и проектирање на дигиталните контролери: наменски интегрирани кола, микроконтролер, FPGA и PLD компоненти. Примери.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | A. I. Pressman and K. Billings | Switching Power Supply Design, 3-rd Ed. | McGraw-Hill, New York | 2008 |
2 | Ron Lenk | Practical Design of Power Supplies | Wiley-IEEE Press, New York | 2005 |
3 | H. W. Whittington, B. W. Flynn and D. E. Macpherson | Switched Mode Power Supplies–Design and Costruction, 2-nd Edition | Research Studies Press Ltd., Tauton, Somerset, England | 1997 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | F. L. Luo, H. Ye and M.Rashid | Digital Power Electronics and Applications | Elsevier Academic Press, San Diego | 2006 |
2 | K. Bilings | Switchmode Power Supply Handbook, 2-nd Ed. | McGraw-Hill, New York | 1999 |
3 | Ralph E. Tarter | Solid-State Power Conversion Handbook | John Wiley & Sons, New York | 1993 |