Предмет: Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC
Код: 3ФЕИТ05021
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Гоце Стефанов, Доц. д-р Томислав Карталов
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, студентот се стекнува со сознанија за можните извори на електромагнетни пречки кај уредите на енергетската електроника, за ефектите од електромагнетните влијанија во енергетската електроника, како и за методите на нивното намалување или отстранување во практиката.
Содржина на предметната програма: Аспекти на електромагнетните влијанија во енергетската електроника. Услови, препораки и стандарди. Основни принципи на електромагнетната интерференција. Неидеално однесување на компонентите (проводници, печатени плочки, отпорници, кондензатори, индуктивни елементи, трансформатори, ферити, механички прекинувачи, полупроводнички прекинувачки елементи). Извори на чист шум (термички шум, шум на сачма, контактен шум, фреквенциски опсег на шумот). Генерирање на интерферентен шум. Еквивалентни модели. Пренесување на шум и интерферентни пречки. Заземјување. Оклопување. Електромагнетна интерференција кај уредите од енергетската електроника (насочувачи, инвертори, прекинувачки извори за напојување – SMPS, преобразувачи со PWM); извори на пречки, методи на мерење, техники за редуцирање на внатрешни електромагнетни интерференции, ЕМИ филтри. Тестирање на отпорноста на пречки од мрежата за напојување.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | J. A. Cobos | Design for Compliance with Standards – PFC & EMC | интерна скрипта ФЕИТ, Скопје | 2000 |
2 | Laszlo Tihanyi | Electromagnetic Compatibility in Power Electronics | IEEE Press, New York | 1995 |
3 | Derek A. Paice | Power Electronic Converter Harmonics | IEEE Press, New York | 1995 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Clayton R. Paul | Introduction to Electromagnetic Compatibility, 2-nd Ed. | John Wiley & Sons | 2006 |
2 | Ralph Morrison | Grounding and Shielding Techniques and Instrumentation, 4-th Ed. | John Wiley & Sons | 1998 |
3 | Richard Lee Ozenbaugh, Timothy M. Pullen | EMI Filter Design, 3-rd Ed. | CRC Press, 2011 | 2011 |