Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки
2. Код 4ФЕИТ04013
3. Студиска програма 4-ЕЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Атанас Илиев
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување знаења за проектирање на високонапонски електроенергетски објекти: хидроцентрали, термоцентрали, обновливи извори на енергија и разводни постројки. Оспособеност за користење на современи техники, методи и компјутерски софтвер za проектирање, моделирање, оптимизација, анализа и симулација на погонот и процесиte во електричните централи и разводните постројки.

11. Содржина на програмата:

Современи методи за проектирање на ЕЦ и РП. Фази во процесот на проектирање. Анализа на проектни параметри. Формирање варијанти проектни решенија. Технички и економски критериуми за оценка на варијантите решенија. Примена на технички стандарди и регулативи во процесот на проектирање. Пресметка на струи на куси врски и димензионирање на опрема во ЕЦ и РП. Доверливост на шеми на разводни постројки. Проектирање на заземјувачки систем. Случаи за анализа: проект на хидроелектрична централа, проект на фотоволтаична централа, проект на разводна постројка. Апликативен софтвер за проектирање и моделирање на ЕЦ и РП. Математички методи и техники за моделирање, анализа и визуализација на процеси во ЕЦ и РП. Статистички анализи во електроенергетиката. Превентивно одржување на високонапонската опрема во ЕЕП. Моделирање на работа на ЕЦ во сложен ЕЕС. Избор на оптимален број на агрегати во погон кај ХЕЦ. Optimal Power Flow. Примена на fuzzy логиката и невронските мрежи во електроенергетиката

12. Методи на учење:

Настава поддржанa со презентации, интерактивни предавања, изработка на проекти и анализа на практични случаи. Самостојнo истражување и изработка на домашни задачи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 20 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 30 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка на домашните и проектните задачи
20. Начин на полагање на испитот

Завршен писмен и/или усен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа) и презентација на семинарската работа  Во текот на семестарот може да се полагаат тестови. За време на испит не е дозволено користење книги, скрипти или белешки од било кој вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Атанас Илиев Одбрани поглавја од проектирање и моделирање на ЕЦ и РП ФЕИТ – Скопје 2020
2. Избрани трудови IEEE Transaction on Power Systems & Power Delivery IEEE Press 2022
3. Nasser D. Tleis Power Systems Modeling and Fault Analyses – Theory and Practice Elsevier Ltd 2019
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Brian Hahn, Daniel Valentine   Essential Matlab for Engineers and Scientists   Elsevier Ltd  2007
2.  Mohamed El-Hawary  Electric Power Applications of Fuzzy Systems   IEEE Press  2008