Проектирање на електроенергетски објекти

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Проектирање на електроенергетски објекти
2. Код 4ФЕИТ04Л020
3. Студиска програма ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Невенка Китева Роглева
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Електрични централи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентите ќе се здобијат со стручно знаење за проектирање и изработка на техничка документација за објектите во електроенергетски системи. По завршување на курсот студентите ќе можат самостојно да ја изберат потребната електротехничка опрема во електроенергетските постројки.
11. Содржина на програмата: Вовед во процесот на проектирање. Проектирање техничка документација. Принципи и методи на проектирање. Стандардизација. Стадиуми на проектна документација. Проектна задача. Содржина на техничката проектна документација. Обем и спецификации на активностите во проектот. Документација за обезбедување квалитет. Временски распоред во проектите. Трошоци во проекти. Технички решенија и пресметки. Цртежи. Енергетски и помошни системи во ЕЕО. Проектирање на термоенергетски објекти. Проектирање на хидроенергетски објекти. Проектни решенија на пумпно-акумулациони ХЕЦ. Проектни решенија на нуклеарни централи. Проектирање на електрични централи од обновливи извори на енергија. Проектирање на раводни постројки на висок, среден и низок напон. Проектирање на трансформаторски постројки. Проектирање на Системи за мерење, следење, управување и заштита. Проектирање на AC/DC развод. Проектирање на електрично осветление, погонски системи, заземјување и громобранска заштита во ЕЕО.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, анализа на техничка документација, самостојна изработка на домашни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 45
16.2. Самостојни задачи 40
16.3. Домашно учење 20
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовна присустност на предавања и реализација на проектни задачи
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити ( во времетраење од 120 минути).
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои ги положиле парцијалните испити/писмениот испит може да се спроведе завршен устен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните/писмени испити, активности и завршниот устен испит.
За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и прашалници
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 John D. McDonald ELECTRIC POWER SUBSTATIONS ENGINEERING Taylor & Francis Group, LLC 2007
2 Вангел Фуштиќ Проектирање на електрични централи, инт. скрипта ЕТФ-Скопје NULL