Програмабилна инструментација

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Програмабилна инструментација

Код: 3ФЕИТ03012

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+1

Наставник: Вон. проф. д-р Живко Коколански

Цели на предметната програма (компетенции): Применливи знаења потребни за проектирање на софистицирана мерна инструментација, нејзино оптимизирање, тестирање и правилно користење.

Содржина на предметната програма: Вовед во технологиите за развој на програмабилна инструментација: системи на чип (SoC), микропроцесори, полунаменски и наменски интегрирани кола.  Податочни конвертори: аналогно-дигитанлна (AD) и дигитално-аналогна (DA) конверзија, тестирање на AD и DA конвертори, временско-дигитална конверзија. Електронски бројачи.  Логички анализатори.  Дигитални осцилоскопи. Системи за анализа на спектар. Дигитални сензорски инструменти. Конвенционални генератори и генератори на случајни сигнали.  Хардверски системи за тестирање на дигитални инструменти. Тестирања базирани на дигитални процесори за обработка на сигнали (DSP). Тестирање на аналогни и дигитални канали. Податочни анализи. Инструментациски интерфејси и VLSI тестирање. Интерфејси за автоматизирани мерења. Програмабилни мерни системи. Проектирање дигитални мерни системи и нивна практична имплементација. Работа во реално време. Тестирање во фаза на развој на микрокомпјутерски инструменти.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Nihal KularatnaDigital and Analogue Instrumentation – testing and measurementInstitution of Engineering and Technology2008
2Dominique PlancoFundamentals of Instrumentation and MeasurementsAntony Rowe Ltd.2007
3Patrick H. GarrettMultisensor Instrumentation – Six Sigma DesignJohn Wiley & Sons2002
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Robert A. WhiteElectronic Test Instruments – Analog and Digital MeasurementsPrentice Hall2002
2M. Burns, G. RobertsAn Introduction to Mixed-Signal IC Test and MeasurementOxford University Press2001
3James A. BlackburnModern Instrumentation for Scientists and EngineersSpringer2001