1. Наслов на наставниот предмет | Програмабилни логички управувачи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01З014 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР,КХИЕ,ЕАОИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Горјан Наџински | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Електроника или Електроника 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со различните типови на програмабилни управувачи (ПЛУ) кои постојат на пазарот во денешно време, нивниот принцип на работа и начин на користење. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени за работа со ПЛУ и нивно програмирање со помош на скалест дијаграм. Исто така ќе бидат оспособени за проектирање на системи на управување со ПЛУ, пресметка на потребните хардверски и софтверски капацитети на управувачките уреди, решавање на проблеми на автоматизација на постројки и процеси со ПЛУ, и сл. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Програмабилни логички управувачи како дел од управувачки системи. Хардверски аспекти на ПЛУ. Конструкција, структура и работа на ПЛУ. Дигитални влезни модули. Дигитални излезни модули. Аналогни модули. Специјални и комуникациски модули. Софтверски аспекти на ПЛУ. Скалесто програмирање. Графичко програмирање. Практична примена на ПЛУ. Автоматизација и управување на производени процеси со помош на ПЛУ. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и задолжителен проект, кој студентите треба да го реализираат и презентираат во текот на семестарот . |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Frank D. Petruzella | Programmable Logic Controllers | McGraw-Hill | 2011 | ||||
2 | L. A. Bryan, E. A. Bryan | Programmable Controllers: Theory and Implementation | Industrial Text Company | 1997 | ||||
3 | W. Bolton | Programmable Logic Controllers | Elsevier | 2009 |