Разводни постројки

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Разводни постројки
2. Код 4ФЕИТ04З021
3. Студиска програма ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Атанас Илиев
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Физика 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување стручни знаења за улогата на разводните постројки во ЕЕС, елементите, изведбата и еднополните шеми на разводните постројки. Оспособеност за пресметка на струи на куси врски, механичко и термичко димензионирање на опремата во разводните постројки
11. Содржина на програмата: Типови на разводни постројки. Напони и струи во разводните постројки. Симетрични компоненти и струи на куси врски во разводни постројки. Пресметка на струи меродавни за димензионирање на опремата во разводните постројки (IEC 60909): ударна, термичка и расклопна струја на куса врска. Загревање на проводниците во нормален режим на работа. Сили и напрегања во разводни пострјки. Механичко и термичко димензионирање на собирниците. Типови на прекинувачи, електричен лак, преодни процеси приоцеси при комутации. Други елементи на разводните постројки: енергетски трансформатор, разделувачи, разделувачи на моќност, осигурувачи, струјни мерни трансформатори, напонски мерни трансформатори, одводници на пренапони, изолатори, кабли, пригушници. Шеми на главни струјни кругови во разводните постројки. Шеми на помошни струјни кругови во разводни постројки. Современи трендови во изведбите (blue and greeen) на разводните постројки.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, анализа на техничка документација и посета на разводни постројки, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на домашни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 25
16.3. Домашно учење 80
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 39
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и изработка на домашните и проектните задачи
20. Начин на полагање на испитот Преку два парцијални писмени испити (секој со времетраење од 2 часа) или преку завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот
(времетраење 2 часа). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти или белешки од било кој вид, мобилен телефон, таблет или било кој друг
електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Атанас Илиев Одбрани поглавја од Разводни постројки ФЕИТ – Скопје 2020
2 Атанас Илиев Збирка решени задачи по Производни и разводни постројки ФЕИТ – Скопје 2015
3 А, Арсенов, А. Арсенова Термички и динамички напрегања во електрични постројки ФЕИТ – Скопје 2005
4 Мито Златаноски Предавања по Разводни постројки – скрипта ФЕИТ – ЕЦРП – Скопје 2011
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 J. Нахман, В. Мијаиловиќ Висконапоснки постројки Бео Прес штампа – Беlград 2002
2 Хрвоје Пожар Visokonaponska rasklopna postrojenja Tehnicka knjiga Zagreb 1995
3 Исмаил Касикчи Куси врски во ЕЕС Wiley-VCH Verlag GmbH & Co. 2018