Регулатива во електроенергетика

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Регулатива во електроенергетика
2. Код 4ФЕИТ09Л020
3. Студиска програма ЕЕПМ,ЕЕС
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Александра Крколева Матеска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на компетенции поврзани со регулативата во електроенергетскиот сектор. Разбирање на енергетските политики на ЕУ, регионот и Република Северна Македонија. Разбирање на процесот на енергетска транзиција.
11. Содржина на програмата: Историски развој на регулативата и политиките на ЕУ во областа на енергетиката. Енергетска унија – „зелен енергетски развој“, сигурност во снабдувањето со енергија и единствен пан-Европски пазар на енергија. Енергетска заедница – Договор за Енергетска заедница, обврски за имплементација на европско законодавство и очекувани придобивки. Регионални иницијативи – регионални пазари на енергија, инфраструктурно поврзување, регионално планирање на ресурсите. Пакет закони Чиста енергија за сите Европејци: регулативи и директиви. Пазар на електрична енергија: директиви, регулативи и мрежни правила. Законска и подзаконска рамка во Република Северна Македонија. Закон за енергетика и основни подзаконски акти. Институции и чинители. Структура на пазарот на електрична енергија: Учесници на пазарот; Институции на пазарот. Стратешки определби на Република Северна Македонија во областа на енергетиката и очекуван развој.
12.Методи на учење Теоретска настава, вежби, задачи
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 70
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно присуство на предавања и вежби
20. Начин на полагање на испитот Испитот се полага преку два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min).
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни задачи и проекти и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот.
Полагањето на парцијалните испити/завршниот испит се состои од теоретски прашања и задачи. Завршната оценка се определува врз основа на поените добиени од испитите, домашните задачи и проектите, според соодветни тежински коефициенти.
За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 D. Buschle, H. Lesjak (Eds.) The Energy Community Legal Framework 2010 Energy Community Secretariat 2013
2 В. Борозан, А. Крколева Матеска, П. Крстевски Правна рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија и нејзината меѓународна позиција ФЕС – Скопје 2020
3 В. Борозан, А. Крколева Матеска, П. Крстевски Анализа на правната рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија ФЕС – Скопје 2020