Регулатива во областа на животната средина

Последна измена: февруари 2, 2022

Предмет: Регулатива во областа на животната средина

Код: 3ФЕИТ06009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: доц. д-р Благоја Марковски

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање и примена на регулативите во областа на животната средина  и нејонизирачките зрачења на меѓународно и национално ниво.

Содржина на предметната програма: • Меѓународни активности во подрачјето на заштита од влијание на електромагнетни полиња со ниски и високи фреквенции. ICNIRP препораки за ограничување на изложеноста на временски променливи електрични, магнетни и електромагнетни полиња со фреквенции до 300GHz. Директивите 1999/519/EC и 2004/40/EC на Европската комисија. CENELEC прописите ENV 50166-1 и ENV 50166-2. IEEE стандардот C95.1-1991. ANSI стандардите. IEC 61566 стандардот за мерење на изложеноста на радиофреквентни електромагнетни полиња. IEEE C95.3-1991 за мерење на потенцијално штетните електромагнетни полиња.  • Кјото протокол. • Одржливо производство и употреба (конзумација). Интегрирана Продукт полиса за Европската Унија. Трите основи на одржливоста: животна, социјална и економска средина. Кратко запознавање со еколошките проценки: ЕМАС регулации, IPCC директиви, итн. • Проценка на животен циклус на продукти (ISO 14040 серија). • Регулативата (закони, стратегии и други документи) во областа на животната средина и нејонизирачките зрачења во нашата и во соседните земји.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 United Nations Kyoto Protocol to the United Nations Framework Convention on Climate Change United Nations 1998
2 ICNIRP Use of the ICNIRP EMF Guidelines ICNIRP Statement 1999
3 C. Marsham The guide to the EMC Directive 89/336/EEC The guide to the EMC Directive 89/336/EEC 1996