Режими на работа на ЕЕС

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Режими на работа на ЕЕС

2.    Код

3ФЕИТ09З022

3.    Студиска програма

ЕЕС

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Петар Крстевски

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции):Разбирање на принципите на експлоатација на ЕЕС и улогата на одделните генератори во функционирањето на ЕЕС во поглед на тековите на моќност, напонските прилики и преносните можности. Оспособеност за пресметки и студиски анализи во областа на експлоатација на ЕЕС.

11.    Содржина на програмата: Функционирање на ЕЕС. Карактеристики на потрошувачката и оптоварувањето во ЕЕС. Дневни дијаграми на оптоварување и нивна апроксимација. Предвидување на годишните потреби од електрична моќност и енергија. Основни карактеристики на изворите на електрична енергија. Улога на централите во ЕЕС во електроенергетскиот биланс: хидро и термоцентали, обновливи извори на енергија. Моделирање на преносни мрежи. Еднонасочен модел.. Врска помеѓу моќностите на гранките и моќностите на генераторите. Оптимална работа на ЕЕС составен од термоцентрали и преносна мрежа моделирана со еднонасочниот модел. Работа на ЕЕС во услови на  недоволни производно-преносни капацитети на системот. Интерконекции на ЕЕС. Сигурносни критериуми за работа на преносните мрежи. Дистрибутивни фактори. Генерален проблем на економски диспечинг. Економски диспечинг на термоцентрали – оптимизација со ограничувања. Влијание на преносната мрежа. Решавање на проблеми на оптимални текови на моќност и напонски прилики. FACTS уреди во Е

12.    Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и вежбите.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Покрај тоа, студентот треба да ги изработи предвидените домашни/проектни задачи и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. За студентите кои не се успешни во полагањето на парцијалните испити, постои дополнителна можност да полагаат завршен писмен испит, со времетраење од 180 минути.
Завршната оценка се определува според поените добиени од испитите и домашните/проектни задачи, кои учествуваат со соодветни тежински коефициенти.
За време на испитот е дозволено користење на литература во печатена форма, но не и мобилен телефони, таблет или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Тодоровски, Р. Ачковски Режими на работа на ЕЕС (интерна скрипта) ФЕИТ, Скопје 2015

2

A. J. Wood, B.F. Wollenberg Power Generation, Operation and Control (Second Edition) John Wiley & Sons 1996

3

J. A. Momoh Electric Power System Applications of Optimization Marcel Dekker 2004

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

E. Acha, C. R. Fuerte-Esquivel, H. Ambriz-Perez, C. Angeles-Camacho FACST Modelling and Simulation in Power Networks John Wiley & Sons 2004