1. Наслов на наставниот предмет |
Роботика 1 | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ01Л018 | |||||||
3. Студиска програма |
КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
III/6 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Горјан Наџински | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со кинематиката и динамиката на роботските манипулатори и оспособеност за градба на едноставни роботски системи |
||||||||
11. Содржина на програмата: 1. Вовед: – дефиниции, историја, примената, класификација на роботите, поделба, компоненти, степени слобода на движење, конфигурации, координатни системи и работен простор на една роботска рака. 2. Кинематика на роботска рака: претставување на точка, вектор, координатен систем и круто тело во просторот, претставување на движења во просторот, директна кинематика на роботска рака, Denavit-Hartenberg параметри и модел на роботска рака, инверзна кинематика на роботска рака. 3. Диференцијални движења и брзини – Јакобијан на роботска рака, диференцијални движења и промени на координатни системи. 4. Динамика на роботска рака: Лагранжовата механика, динамички модел на една роботска рака, анализа на статичките сили кај една роботска рака, трансформација на сили и моменти помеѓу координатни системи. 5. Планирање траектории на движење: опис на траекториите во просторот на зглобови на роботската рака, планирање на траекториите во просторот на зглобовите, траектории во Декартов координатен систем |
||||||||
12. Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
0 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
45 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
60 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
30 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
0 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
70 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 49 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 50 до 59 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 60 до 69 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 70 до 79 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 80 до 89 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 90 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Успешно завршени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). 1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, како замена за завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен) |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Saeed B. Niku | Introduction to Robotics: Analysis, Control, Applications | Wiley | 2010 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Е. Лазаревска | Збирка решени задачи по вовед во роботика | УКИМ – Скопје | 2016 |