Сигнали и системи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Сигнали и системи
2. Код 4ФЕИТ05З033
3. Студиска програма ЕЕПМ,ЕАОИЕ,ЕЕС,КТИ,КСИАР,КХИЕ,ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/3 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Марија Марковска Димитровска, Д-р Димитар Ташковски
9. Предуслов за запишување на предметот
Положени: Математика 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните концепти и математички алатки за процесирање на сигнали и анализа на системи.
По звршување на курсот студентот е оспособен
– да стекне претстава за основните концепти поврзани со процесирање на сигналите како што се: конволуција, фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, филтрирање, преносна функција.
– да анализира модели на LTI системи во временски и фреквенциски домен
– да користи и одбира соодветни алатки за решавање на конкретни модели
11. Содржина на програмата: Сигнали. Основи операции врз сигналите. Системи. Особини, со посебен осврт на линеарни временски непроменливи системи. Основни елементи за реализација на LTI системи. Процесирање во оригинален домен. Конволуциска сума и конлолуциски интеграл. Процесирање на периодични сигнали: Фуриеов ред. Процесирање на апериодични сигнали. Фуриеова трансформација. Kарактеризирање на LTI системите во временски и фреквенциски домен (фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, поим за филтрирање, дијаграми на Bode). Анализа на LTI системи со Лапласова трансформација и со Z трансформација.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски вежби; сето тоа реализирано во електронско опкружување
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 75
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби.
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и домашни работи. Услов за положување на предметот преку парцијални испити е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од парцијалните испити.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Услов за положување на предметот преку писмен испит е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (испит, тестови и домашни работи) и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од испитот.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 A. Oppenheim, A. Willsky, S. H. Nawab Signals and Systems Prentice-Hall 1997
2 S.Haykin, B. Van Veen Signals and Systems John Wiley and Sons 2002