1. Наслов на наставниот предмет | Системи и компоненти за Интернет на нешта | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ07Л023 | |||||||
3. Студиска програма | КТИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Данијела Ефнушева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Компјутерски мрежи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните концепти на Интернет на нешта (IoT), потребните технологии, архитектура и стандарди. Запознавање со основните елементи на системите за Интернет на нешта: прибирање на податоци, обработка на податоци, анализа на податоци и управување со податоци. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за: – разбирање на архитектура на Интернет на нешта: слоеви и протоколи – употреба на платформи во облак за собирање и обработка на податоци во системи за Интернет на нешта; – интеграција на вградливи системи и компоненти за Интернет на нешта со платформи во облак – анализа и мониторирање на системи за Интернет на нешта во реално време; |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во Интернет на нешта. Елементи на IoT систем. Концепти на Интернет на нешта. Технологии позади концептот Интернет на нешта. Архитектура на Интернет на нешта. Перцепциски слој. Прибирање на податоци од физички објекти. Примена на мрежни технологии за пренос на податоци: BLE, LoRaWan, WiFI, ZigBee. Слој за обработка во ИоТ систем: бази на податоци, пресметување во облак и процесирање на големи податоци. Запознавање со протоколи од апликациски слој во ИоТ систем: CoAP, MQTT, XMPP. Бизнис слој во IoT систем. Запознавање со Ардуино-базирани развојни платформи за IoT системи. Анализа на облак платформи за собирање и обработка на податоци во Интернет на нешта: ThingSpeak, ThingWorks, AWS IoT, Azure итн. Поврзување на вградливи системи за Интернет на нешта со облак системи во пракса. Работа во реално време. Примена на сервиси за бизнис интелигенција, податочна аналитика и мобилни апликации за мониторирање и контрола на системи за Интернет на нешта. Анализа на подрачје на примена на Интернет на нешта: дом, здравство, транспорт, производство, животна средина, земјоделие итн. Безбедност на Интернет на нешта. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 55 | |||||||
16.3. Домашно учење | 50 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 30 | |||||||
17.3. Активност и учење | 30 | |||||||
17.4. Завршен испит | 40 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од 120 минути или еден завршен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Проектна (семинарска) задача од секој студент индивидуално. Вториот парцијален испит вклучува презентација и одбрана на проектната задача. Оценување и на лабораториските вежби. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит, проектната задача и лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Само-евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | R. Buyya, A.V. Dastjerdi | Internet of Things: Principles and Paradigms | Elsevier | 2016 | ||||
2 | Andy King | Programming the Internet of Things: An Introduction to Building Integrated, Device-to-Cloud IoT Solutions 1st Edition | O’Reilly | 2021 | ||||
3 | Ammar Rayes, Samer Salam | Internet of Things From Hype to Reality | Springer | 2019 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Cuno Pfister | Getting Started with the Internet of Things Connecting Sensors and Microcontrollers to the Cloud | O’Reilly | 2011 | ||||
2 | Joe Biron, Jonathan Follett | Foundational Elements of an IoT Solution | O’Reilly | 2016 |