Системи за мерење и аквизиција на податоци

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Системи за мерење и аквизиција на податоци

2.    Код

3ФЕИТ03Л012

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Маре Србиновска

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Основи на електротехника

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Способност за проектирање и развој на системи за мерење и аквизиција на податоци.

11.    Содржина на програмата: Вовед во системи за прибирање податоци, архитектури на системи за прибирање податоци, општо за микропроцесорско-базирани мерни инструменти. Обработка и пренос на мерни сигнали, еднокрајни и диференцијални сигнали, прилагодување на мерни сигнали, мерни засилувачи. Филтрирање, ограничување, галванска изолација, напонски и струјни јамки. A/D конверзија, карактеристики на A/D конверторите, временско/дигитална конверзија. Извори на грешки кај системите за аквизиција на податоци, капацитивно спрегнување, електромагнетни пречки, пренапони и транзиенти.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, како и проектни задачи, кои се презентираат/бранат за време на семестарот.
1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите, и проектните задачи.
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, и проектните задачи

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М.Србиновска Системи за мерење и аквизиција на податоци интерна скрипта, ФЕИТ 2016

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Measurement Computing Corporation Data Acquisition Handbook MC measurement computing 2012

2

Keithley Data Acquisition and Control Handbook Keithley 2007