Предмет: Специјални електрични машини и нивно управување
Код: 3ФЕИТ02022
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Гога Цветковски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет студентот ќе биде оспособен за анализа на работните режими и карактеристиките на специјалните електрични машини како и изведба на прототипи и нивни симулациски модели за компјутерски поддржана анализа на истите со помош на современи софтверски алатки вo кои се изработени тие модели.
Содржина на предметната програма: Видови на специјални електрични машини и нивни конструктивни особености. Примена на специјалните електрични машини. Основни големини, параметри и карактеристики на специјалните електрични машини. Вовед во теоријата на специјалните електрични машини. Видови специјални електрични машини: со возбуда од перманентни магнети поставени на статор/ротор; специјални електрични машини со радијален / аксијален флукс; реактивни машини; линеарни машини; еднофазни асинхрони / синхрони мотори; асинхрони мотори со засечени полови; сервомотори; тахогенератори; чекорни мотори, линеарни мотори, машини со зголемена енергетска ефикасност и др. Системи и уреди (енергетски преобразувачи) за напојување, управување и регулација на специјалните електрични машини. Техники на управување за подобрување на енергетската ефикасност на целиот систем. Математички модели на специјалните електрични машини; методи и постапки за определување и анализа на карактеристиките на специјалните електрични машини. Параметри, статички и динамички карактеристики на специјалните машини. Компјутерска симулација, нумеричка пресметка и анализа на статичките и динамичките карактеристики на електричните машини со примена на различни методи и софтверски пакети (MATLAB, FEMM, PESIM и други).
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
S. A. Nasar, I. Boldea, L. E. Unnewehr | “Permanent Magnet, Reluctance, and Self-Synchronous Motors | CRC Press | 1993 |
2 |
J. F. Gieras, R. J. Wang, M. J. Kamper | Axial Flux Permanent Magnet Brushless Machines | Kluwer Academic Publishers | 2004 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
T. J. E. Miller | Brushless Permanent-Magnet and Reluctance Motor Drives | Oxford Science Publications | 1989 |