Предмет: Статистика
Код: 3ФЕИТ08029
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева
Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаења за основните и најчесто користените статистички методи и модели. Способност за собирање податоци, избор на соодветни статистички техники, користење софтвер за визуелизација, анализа и статистичка обработка на податоци, како и за изведување заклучоци и презентирање на добиените резултати од статистичката анализа.
Содржина на предметната програма: Вовед во статистика. Популација и примерок. Дескриптивни статистики. Визуелно претставување на податоци. Точкасти оценки на непознати параметри. Критериуми за квалитет на оценките. Методи за точкасто оценување. Инервали на доверба. Тестирање на параметарски хипотези. Ниво на значајност и јачина на тестот. Непараметарски статистички тестови. Користење на софтвер за статистичка обработка на податоци.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | John A. Rice | Mathematical Statistics and Data Analysis | Cengage Learning | 2006 |
2 | Ј. P. Marques de Sa | Applied statistics using SPSS, STATISTICA, MATLAB and R | Springer | 2007 |
3 | Douglas C. Montgomery, George C. Runger | Applied Statistics and Probability for Engineers | John Wiley & Sons | 2003 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Ruey S.Tsay | An introduction to Analysis of Financial Data with R | Wiley | 2012 |
2 | G.Jay Kerns | Introduction to Probability and Statistics Using R | Cran.r-project.org ISBN: 978-0-557-24979-4 | 2011 |