Статистика и случајни процеси

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Статистика и случајни процеси

2.    Код

3ФЕИТ08З014

3.    Студиска програма

КТИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

 Д-р Весна Андова

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Да се усвојат основните поими и методи од случајни процеси и системи. Развој на аналитичко мислење, критички способности, разрешување на проблеми, способност за анализа и синтеза.

11.    Содржина на програмата: Дескриптивна статистика. Податоци и видови на податоци. Прикажување на податоците. Оценка на параметри. Точкасти оценки. Метод на моменти. Метод на максимална веродостојност. Интервали на доверба. Тестирање на параметарски хипотези. Тестирање на непараметарски тестови. Пирсонов тест, Колмогоров, Колмогоров-Смирнов тест. Случајни процеси-општи поими. Маркови вериги. Поасонов процес. Генерализација на Поасонов процес. Чекачки системи

12.    Методи на учење: Предавања, презентации, аудиториски

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

35

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

50

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

35

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

65

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработени лабараториски вежби

20.    Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два тестови со времетраење до 60 минути (во 8. и 15. недела) и проектна задача која треба да ја предаде  пред завршување на семестарот. За студентите кои ги положиле тестовите, може да се спроведе завршен устен испит во траење од 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од тестовите, проектната задача и завршниот устен испит. Не е дозволено користење на литература за време на парцијалните испити освен ако не е нагласено поинаку.  Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит со времетраење од 120 минути. За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе завршен устен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит и завршниот устен испит. Писмениот испит  се состои од два дела, теоретски дел на кој не е дозволено користење на литература и  задачи

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Џ. А. Рајс Математичка статистика и анализа на податоци Арс Ламина 2014

2

А. Field Discovering statistics using SPSS SAGE Publications 2005

3

Oliver C. Ibe Fundamentals of Applied Probability and Random Processes Elsevier 2005

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S. Brandt Data Analysis, Statistical and Computational Methods for Scientists and Engineers Springer 1998

2

Милан Меркле Вероватноћа и статистика за инжењере и студенте технике Академска Мисао, Београд 2010